logo
logo
logo

Бернал суспендиран на четири натпревари поради инцидентот со Јамал

Vecer | 21.10.2026

Бернал суспендиран на четири натпревари поради инцидентот со Јамал

Фудбалерот на Бетис, Факундо Бернал е суспендиран и казнет со 4 натпревари неиграње поради инцидентот со Ламин Јамал на предходниот натпревар од шпанската Ла Лига. Играчот од средниот ред беше исклучен во 54-тата минута поради тоа што во една турканица го фати Јамал за вратот и двапати го удри во лицето, со што ја остави својата екипа на цедило.

Дисциплинскиот комитет, на шпанската фудбалска федерација денеска објави дека по анализа на инцидентот е одлучено фудбалерот на Бетис да добие 4 натпревари суспензија. Според правилата, за таков потег казната варира од 4 до 12 натпревари суспензија Интересно е што во моментов и уште еден фудбалер се соочува со ваква суспензија, а тоа е асот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk