Белингем постави два услови за да потпише нов договор со Реал

Vecer | 18.11.2026

Белингем постави два услови за да потпише нов договор со Реал
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО: Real Madrid C.F/FB

Џуд Белингем поставил две важни барања до раководството на Реал Мадрид во преговорите за продолжување на соработката со шпанскиот гигант. Aнглискиот репрезентативец најпрво бара значително зголемување на платата, односно годишна заработка од околу 22 милиони евра, со што би се изедначил со Винисиус Жуниор. Наводно, Реал е подготвен да го прифати ова барање.

Вториот услов се однесува на спортските амбиции на клубот. Белингем сака гаранции дека Реал ќе продолжи да создава конкурентен тим, способен редовно да се бори за трофеите во сите големи натпреварувања.

Англичанецот има договор со мадридскиот клуб до летото 2029 година. Во актуелната сезона, на 12 натпревари во шпанското првенство постигнал четири гола и забележал три асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk