logo
logo
logo

Барселона го пријави ПСЖ во УЕФА поради оваа кореографија (ВИДЕО)

Vecer | 21.10.2026

Барселона го пријави ПСЖ во УЕФА поради оваа кореографија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин
Барселона го пријави ПСЖ во УЕФА поради провокативната кореографија што навивачите на францускиот клуб ја истакнаа на трибините на „Паркот на принцовите“ пред натпреварот од Лигата на шампионите. Парижаните ги победија Каталонците со 4:2, но по средбата не се зборуваше само за фудбалот.

Барселона ја пријави огромната кореографија кај делегатот на УЕФА, на која бил прикажан маскиран лик, налик на Џејсон Ворхис од познатиот хорор-серијал „Петок 13-ти“, со моторна пила со која го уништува грбот на каталонскиот клуб, додека наоколу прска крв. Покрај сцената стоел натписот „Massacre à la parisienne“, односно „Масакр на париски начин“.

Кореографијата била истакната на трибината на најжестоките навивачи на ПСЖ пред почетокот на натпреварот, а нејзината порака очигледно била насочена против Барселона. Сцената била дополнително нагласена со пиротехнички ефекти, кои симулирале искри од моторната пила.

Барселона барала отстранување на транспарентот „Барса е ку*ва“

Тоа не бил единствениот инцидент што ѝ пречел на Барселона. Навивачите на ПСЖ истакнале и помали транспаренти со навредливиот натпис „Puta Barça“ („Барса е ку*ва“), а каталонскиот клуб побарал нивно отстранување.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Барселона е незадоволна и од начинот на кој ваквите транспаренти биле внесени на стадионот, со оглед на безбедносните контроли што се спроведуваат на натпреварите од ваков ранг.

Случајот сега би можел да добие и дисциплинска разрешница. УЕФА ќе ја разгледа пријавата, а на ПСЖ потенцијално му се заканува казна поради содржината на кореографијата и однесувањето на дел од навивачите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk