Новото скапо засилување на Ливерпул, Бредли Баркола, ги спореди англиската Премиерлига и француската Лига 1, посочувајќи дека најголемата разлика е во интензитетот на играта и физичките напори што се бараат од фудбалерите.
„Лига 1 е многу силно првенство на физички план, со многу силни играчи кои ја користат својата физичка моќ. Но, во Премиерлигата, физичкиот напор е поголем поради трчањето што мора да го направите постојано. Натпреварите се играат со трчање од еден до друг гол“, објасни Баркола.
Тој додава дека англискиот фудбал се карактеризира со исклучително висок интензитет и дека во првите натпревари почувствувал и грчеви поради напорите на теренот.
Баркола признава дека сè уште се приспособува на новата средина, но нагласува дека токму ваквиот предизвик бил една од причините поради кои решил да се пресели во Англија.
„Интензитетот е навистина висок, но токму затоа и дојдов овде. За мене ова е нов предизвик и се надевам дека успешно ќе се приспособам“, порача францускиот офанзивец.