ЛН: Фантастичниот гол на Арда не ја спаси Турција од пораз (ВИДЕО)

Vecer | 12.11.2026

ЛН: Фантастичниот гол на Арда не ја спаси Турција од пораз (ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Белгија славеше со 2:1 на гостувањето кај Турција во петтото коло од А-сегментот на Лигата на нации, во натпревар во кој сите три гола беа постигнати во првото полувреме.

Турците поведоа во 20. минута со фантастичниот гол од слободен удар на младата ѕвезда на Реал (М), Арда Ѓулер, но радоста на домашните навивачи траеше кратко. Кевин Де Брујне во 27. минута го израмни резултатот по асистенција на Жереми Доку, а само три минути подоцна Шарл Де Кетеларе донесе целосен пресврт, искористувајќи го додавањето на Максим Де Кујпер.

Во продолжението Турција се обидуваше да се врати во натпреварот, но Белгијците ја зачуваа предноста и ги освоија трите бода. Турција остана без бодови на домашен терен, а Белгија со оваа победа направи значаен чекор во борбата за подобар пласман во групата.

Arda Güler’s freekick vs Belgium is absolutely INSANE 🚨🤯 https://t.co/UHuVVznXnc

— MatchGoal Central (@MatchGoaal) November 12, 2026

Репрезентациите на Ерменија и Кипар одиграа нерешено 1:1 во петтото коло од Ц-сегментот на Лигата на нации, во натпревар во кој двата гола беа постигнати во првите 15 минути од двете полувремиња. Кипар поведе уште во деветтата минута со погодокот на Јасонас Пикис, по асистенција на Јоанис Питас. Гостите ја задржаа предноста до паузата, но Ерменија се врати во игра во 58. минута, кога Артур Гаријабјан ја затресе мрежата по додавањето на Артур Серобјан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk