Новото Премиер лига коло денеска е отворено со дуелот во Лондон помеѓу екипите на Арсенал и Лидс.
Домаќинот дојде до победа од 2:1, со комплетен пресврт во второто полувреме. Најпрво Џејмс Џастин успеа да реализира за гостите и да ги доведе во водство од 0:1, но Арсенал успеа да се снајде и да се извлече од оваа ситуација.
Во 62. минута Калафиори успеа да израмни на 1:1, за да потоа домаќинот направи три измени одеднаш што очигледно донесоа и резултат.
Во 70. минута Бруно Гимараеш на асистенција на Деклан Рајс погоди за комплетен пресврт и конечн триумф на Арсенал на овој меч.
Арсенал по шест кола има 15 бодови, додека Лидс од исто толку мечеви има деве поени на своето конто.