Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови.
Лондончани се подготвени на сè за да ги зголемат шансите за реализација на блокбастер трансферот, што би претставувал еден од најимпозантните трансфери на „топчиите“ во 21 век. Според „Телеграф“, парите не се проблем.
Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а кога ќе се земе предвид неговиот конфликт со новиот тренер Жозе Мурињо од пред неколку месеци – сценариото во кое тој ја напушта шпанската престолнина изгледа доста реално.
Вини и „Специјалиот“ се расправаа за време на дуелот меѓу Реал и Бенфика, кога познатиот стратег ја критикуваше провокативната прослава на голот на поранешниот играч на Фламенго. Во тоа време, вториот тврдеше дека тоа е одговор на наводната расистичка изјава на фудбалерот на „Орлите“ Џанлука Престијани.