logo
logo
logo

Аргентина покажа зошто е светски шампион, МЕСИ ИСПИША ФУДБАЛСКА ИСТОРИЈА (ВИДEO)

Vecer | 22.06.2026

Аргентина покажа зошто е светски шампион, МЕСИ ИСПИША ФУДБАЛСКА ИСТОРИЈА (ВИДEO)

Репрезентацијата на Аргентина обезбеди пласман во нокаут фазата на Светското првенство откако ја победи Австрија со 2:0 во Далас, во 2. коло од Групата Ј. Натпреварот ќе остане запишан со златни букви во историјата на натпреварувањето поради новото, неверојатно достигнување на неповторливиот Лионел Меси, кој стана најдобар стрелец на светските првенства на сите времиња.

Неверојатниот Аргентинец со два гола им донесе нова победа на „гаучосите“ постигнувајќи ги сите 5 гола досега за својата репрезентација на ова Светско првенство.

Во 9-тата минута судијата Амин Мохамед Омар покажа пенал за Аргентина, но Меси не успеа да го претвори во гол. Како поправка на промашеното, Меси се искупи во 39-тата минута. Медина брилијантно проби по левата страна ја врати топката во шеснаесетникот, Тиаго Алмада интелигентно ја протна низ нозете, а таа стигна до Меси, кој со мајсторски и прецизен удар го постигна голот за 1:0.

Со тој гол, Лионел Меси стигна до својот 17-ти гол на светските првенства, со што стана апсолутен рекордер на вечната листа на стрелци на Светските првенства. Во 93-тата минута, Австрија се закани преку Вимер, но во 95-тата минута, Меси брилијантно создаде акција за Алварез, а по неговиот шут и одбиената топка, Меси повторно беше посмирен и ги постави конечните 2:0.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk