logo
logo
logo

Ако Хрватска загуби од Шпанија со пет голови разлика: Билиќ ќе си поднесе оставка?!

Vecer | 05.10.2026

Ако Хрватска загуби од Шпанија со пет голови разлика: Билиќ ќе си поднесе оставка?!

ФОТО:.facebook.com/hns.obitelj

Селекторот на Хрватска, Славен Билиќ, би можел да поднесе оставка доколку репрезентацијата претрпи уште еден убедлив пораз – овој пат против Шпанија. Според „Спортске Новости“, селекторот е подготвен да се повлече доколку репрезентацијата загуби со пет или повеќе гола разлика во вторник. „Спортске Новости“ прецизира дека информациите за можната оставка не доаѓаат лично од Билиќ, туку од луѓе во таборот на Хрватска кои добро го познаваат неговиот карактер. Според нив, во случај на уште едно понижување од пет или повеќе гола, тој самиот би одлучил дека треба да си замине. Хрватската фудбалска федерација нема намера да го отпушти во оваа фаза. Убедлив пораз од Шпанија нема да го промени ова, особено ако тимот покаже реакција по 0:7. Сепак, уште еден пораз би можел да доведе до оставка на самиот Билиќ. Доколку се случи ова, неговиот втор период на чело на Хрватска ќе заврши по само четири натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk