Чичкото на Ламин Јамал, Абдул, не го криеше разочарувањето откако англискиот напаѓач Хари Кејн ја освои „Златната топка“ за 2026 година. Според изјавите што ги пренесуваат медиумите, Абдул смета дека неговиот внук заслужи даго добие престижното признание и дека имал извонредна сезона.
„Многу сум тажен, се чувствувам лошо. Мојот внук е најдобриот фудбалер на светот. Сите го знаат тоа. Ако го сакаш фудбалот, одиш на стадион да го гледаш Јамал, а не Кејн“, изјавил тој.
Абдул дополнително го омаловажил англискиот напаѓач, оценувајќи дека Кејн е само голгетер, додека Јамал е комплетен фудбалер.
„Хари Кејн е само стрелец, а Јамал е најдобриот фудбалер. Немаше среќа оваа година, но следната ќе има. Луѓето велат дека е млад и дека ќе освои уште „Златни топки“. Но, на Кејн му остануваат уште само три дена од кариерата, па затоа му ја подариле наградата“, наводно изјавил чичкото на младиот фудбалер.