До јуни Мо Салах беше ѕвезда на Лиеврпул. Од август е најплатениот фудбалер во Европа, а исплатата доаѓа од Трабзон, Турција. Трабзон не е во клубот на најбогати дури ни во Турција но, ќе платат играч колку што никој никому досега во Европа не платил.
Долго време не се знаеше каде Мохамед Салах ќе игра фудбал по Ливерпул. Не толку одамна, тој одбиваше луди понуди од Саудиска Арабија, сакајќи да остане конкурент и освојувач во елитниот европски фудбал. Го напушти Енфилд на почетокот на летото, повторно ги одби чудотворните пари од Арабија, не се согласи ниту на фараонски договори во МЛС и ќе остане конкурент, но сепак во Б-продукцијата на европскиот фудбал. Но, барем ќе го имаат целиот турски брег на Црното Море под нозе.
Да, експлодираше - Салах е новиот играч на Трабзон! Не се согласи со Бешикташ, одби неверојатни 40.000.000 евра годишно од саудискиот Ал Дирија и се чинеше дека можеби, сепак, не е на ниво. Но, во животот, фудбалот и сè друго, најчесто сè се врти околу парите. И еден од најдобрите крилни напаѓачи во историјата на Премиер лигата, знаеше како да го однесе во турскиот клуб.

Египќанецот финансиски ја уништи управата на Трабзон, а бројките во двегодишниот договор се зачудувачки. Нема фудбалер во Европа кој заработува вака и волку.
Годишната плата е фиксна на 17.000.000 евра, а има лесно остварливи бонуси од 5.000.000. Салах ќе знае тоа да го собере на теренот. Уште 5.000.000 ги зеде само како бонус за потпишување откако дојде како слободен агент.
Но, тоа не е сè! Салах се согласи целиот приход од дресовите продадени во странство да оди кај него лично, а има право и на 25% од парите за дресови со неговото презиме што ќе се продаваат во Турција. Исто така, тој ужива стопроцентен профит од маркетингот поврзан со неговото име и ликот. 9.000.000 евра завршија на сметката на неговиот менаџер.

Трабзон направи огромен фудбалски и маркетиншки потег, но сè ќе биде залудно ако Салах не донесе трофеи, а пред тоа, пласман во Лигата на Европа (квалификациите на Трабзон започнуваат во плејоф рундата).
Сега Трабзон од брегот на Црното Море конечно има ѕвер кој може да се спореди со Галатасарај и Фенербахче (Трабзон ја заврши сезоната пред Бешикташ и покрај далеку помалку стабилниот тим и кој треба да биде предуслов за напад на титулата. Последната беше освоена во 2022 година, а куриозитетот е што Трабзон тогаш немаше вистинска ѕвезда во тимот.
Трабзон го подготви за Салах дресот со легендарниот број 11 кој одбележа една ера во Ливерпул, но Египќанецот инсистираше да го носи дресот со бројот 10 на грбот додека играше за националниот тим.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата