logo
logo
logo

„ЗНАЕЛ И МОЛЧЕЛ“ - ВМРО ДПМНЕ со жестоки обвинувања до Филипче за загадената вода во Гостивар

Vecer | 11.08.2026

„ЗНАЕЛ И МОЛЧЕЛ“ - ВМРО ДПМНЕ со жестоки обвинувања до Филипче за загадената вода во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека знаел оти водата во Гостивар е загадена, но со години молчел додека граѓаните ја користеле. Од партијата велат дека поради тоа Филипче нема кредибилитет да зборува и да држи лекции за јавното здравје.

-Политичкиот талог создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и предавнички политики од кој произлезе и Филипче денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет. Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните на Гостивар со години пиеле загадена вода. Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот, велат од власта.

Додаваат дека проблемот со водата во Гостивар е стар и е одлика на децениската негрижа на локалната власт.

-Филипче со компромитираните кадри околу него нема кредибилитет да морализира за случајот во Гостивар, каде Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани кој изјави дека не чувствува никава морална одговорност за скандалот со водата. Кадрите на Филипче, ДУИ и Таравари во Гостивар беа неспособни да се справат со ситуацијата па затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење и секојдневно грѓаните на Гостивар добиваат флаширана вода за пиење. ЈО да го истражи случајот зошто Филипче и власта на СДС дозволувале гостиварци да се трујат со години, велат тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk