logo
logo
logo

„Задолжија како никој досега“ – ВМРО-ДПМНЕ ЖЕСТОКО УДРИ ПО ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА СДС

Vecer | 02.09.2026

„Задолжија како никој досега“ – ВМРО-ДПМНЕ ЖЕСТОКО УДРИ ПО ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА СДС

Политичките обвинувања за задолжувањето на државата повторно ги вжештија односите меѓу власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвинувајќи ја партијата дека признала оти ја задолжила државата повеќе од која било власт досега.

Од владејачката партија дополнително тврдат дека годишните камати се зголемиле тројно, што, според нив, е последица на „лошите економски политики“ на СДСМ.

„Талогот од СДС призна дека во своето апокалиптично владеење со државата, ја ограбија, осиромашија и уништија државата. СДС призна дека ја задолжиле државата како никој претходно, односно за 7 години успеаја да не задолжат за истата сума за периодот од 1990 до 2017 година, а со тоа каматите кои денес годишно ги исплаќаме се дури три пати повисоки од 2017 година. Лошите проекти како солидарниот данок кој денес го враќаме, ја чини државата над 50 милиони евра. Да не заборавиме и дека јавниот долг во нивно време беше 61,4%, а денес за 2 години е намален на 58,7%. Во истиот период инфлацијата варираше од 10-20%, а платите и пензиите стагнираа, додека цените на храната еруптираа“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека енес сликата е поинаква.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизираше економијата, носи инвестиции, отвора нови работни места, се намалува јавниот и државниот долг, инфлацијата е најниска во регионот. Разликата е повеќе од евидентна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk