Возач почина кај струмичко Ново Село, излетал од патот

Vecer | 05.12.2024

Возач почина кај струмичко Ново Село, излетал од патот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

МВР информира дека рано утринава во 01.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4, делница од село Ново Село кон село Секирник, струмичко, патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ч.(37) од с. Зубово, струмичко, излетало од патот и се превртело.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk