По две и пол години проблеми, реакции и борба на граѓаните, Владата презема конкретни чекори за ставање крај на хаосот со кравите што слободно шетаат низ Крива Паланка! Надлежните институции добија јасни задолженија за заловување, одземање и згрижување на добитокот, а најавениот протест во сабота е откажан.
Општина Крива Паланка, ја поздравува информацијата за вчерашната одлука на Владата, со која се утврдуваат конкретните задолженија на надлежните државни институции за решавање на долгогодишниот проблем со говедата на територијата на општината.
„По две и пол години аргументирана, упорна и континуирана борба, граѓаните на Крива Паланка се пред победа. Како градоначалник ја поздравувам оваа одлука, со која се потврдуваат нашите досегашни аргументи и ставови во однос на законските надлежности и одговорноста на институциите за решавање на проблемот“, истакнува Митовски.
Со владините задолженија се утврдуваат конкретните обврски на надлежните институции:
– Агенцијата за храна и ветеринарство – заловување и одземање на говедата и носител на
оперативните активности.
– Агенцијата за управување со одземен имот – преземање, транспорт, сместување и
згрижување на одземените говеда.
– Министерството за внатрешни работи – полициска асистенција и обезбедување на
теренските активности.
– Центарот за управување со кризи – оперативна координација.
– Дирекцијата за заштита и спасување – обезбедување на неопходната логистичка, техничка
и кадровска поддршка.
– Бирото за процена – утврдување на вредноста на одземените говеда
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата