Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе биде претставено, како што рече, „навистина иновативно“ решение што на студентите ќе им донесе поголеми права и значително поголеми привилегии од оние што ги уживаат во моментов. Тој посочи дека конечниот модел се очекува многу брзо, по што пред јавноста, студентите и медиумите ќе биде официјално промовиран.
„Тоа што ќе го креираме овој пат е нешто навистина иновативно, нешто коешто ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права во споредба со тоа што денеска го имаат и многу поголеми привилегии од тие што денеска ги имаат. Кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро од денеска, да ги поканиме студентите и медиумите сето тоа да го презентираме пред јавноста“, изјави премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата