МИЦКОСКИ ПРЕД БРИСЕЛ: Македонија е НАЈДОБРА во реформите!

Vecer | 25.11.2026

МИЦКОСКИ ПРЕД БРИСЕЛ: Македонија е НАЈДОБРА во реформите!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија е најдобра во испораката на реформи во рамки на реформскиот процес за членство во ЕУ. Тој очекува на Самитот ЕУ - Западен Балкан да се потврди тоа што досега е кажано - дека Западен Балкан е дел од Европа и дека процесот на негова интеграција во Европа многу скоро ќе стане реалност.

Тој информира дека вечер во Брисел ќе има состанок со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

- Очекувам да се потврди она кое што досега е кажано, а тоа е дека Западен Балкан е дел од Европа и дека процесот на интеграција на Западен Балкан во рамките на Европа многу скоро ќе стане реалност, за да можат граѓаните од Западен Балкан кои долго време заслужуваат да бидат на масата, навистина да бидат на масата, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање што очекува од Самиот во Брисел.

Тој вели дека не се согласува со ставот дека Албанија и Црна Гора одат пред нас на патот кон ЕУ. Смета дека Македонија испорачува реформи и оти е најдобра во тоа.

- Па не би се согласил дека одат. Мислам дека не е баш така. Ќе се вратам на онаа моја изјава за автобусот што се ниша. Така во моментот личи нивниот пат. А ние испорачуваме реформи, ние сме навистина „фронт-ранери“ кога станува збор за реформската агенда. Не би го коментирал ставот на господинот (Герт Јан) Копман. Него го сметам за пријател на Македонија, тој има додадена вредност во процесот на испорака на реформите кои што се дел од реформската агенда. Ние високо го цениме неговиот придонес во рамките на овој процес. Многу скоро ќе имаме повторно работна видео врска на која што уште еднаш ќе го прегледаме статусот за декемврискиот или полујануарскиот извештај - рече Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk