Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку колективно договарање и институционални решенија обезбедува повисоки плати, поголема сигурност и подобри услови за работниците, а повеќе од 95 проценти од односите со вработените во јавниот сектор веќе се регулирани со колективни договори со важност до 2028 година. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека значаен исчекор е направен и во администрацијата, каде по подолг период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за зголемување на платите на административните службеници, кон кој се приклучиле и други синдикални организации. Оттаму велат дека со овие решенија се унапредува социјалниот дијалог и се создава основа за системско подобрување на материјалната положба на илјадници вработени.
Образованието е еден од секторите каде што има значителен раст на платите, така што од преземањето на обврската Владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, платите на просветните работници и на сите вработени во образованието се зголемени за 20 проценти. А во согласност со колективниот договор, до крајот на мандатот ќе имаат од 46 до 60 проценти повисоки плати, додека платите на универзитетските професори се зголемени за 14 проценти.
Значително зголемување во здравството се постигна со потпишувањето на анексот на колективниот договор со што се обезбеди повисока плата за сите вработени во македонското здравство, така што платите на здравствените работници се зголемени за 4.815 денари нето, додека кај медицинските сестри зголемувањето достигнува 6.200 денари. До крајот на мандатот, во согласност со договорената динамика, растот на платите треба да достигне до 50 проценти.
Во соработка и дијалог со синдикалните организации првпат се постигна колективен договор и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците и подобрување на работниот статус на вработените, а поголеми плати се обезбедени и за вработените во безбедносните структури, со јасен план за нивно натамошно зголемување.
Овие резултати се потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува партнер на работниците и дека преку дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија, затоа што само со задоволни, сигурни и почитувани вработени можеме да градиме просперитетна и сигурна иднина.
Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните, со политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места, унапредување на работничките права и стабилен економски развој, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата