logo
logo
logo

ВИДЕО | ЦАРИНА И МВР ИЗВРШИЈА КОНТРОЛА НА 38 ПЛОВИЛА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - Утврдени бројни неправилности

Vecer | 15.08.2026

ВИДЕО  | ЦАРИНА И МВР ИЗВРШИЈА КОНТРОЛА НА 38 ПЛОВИЛА НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - Утврдени бројни неправилности

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти.

„Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект“, вели управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски.

Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, особено на пловилата регулирани со привремен увоз кои согласно царинските прописи можат да се употребуваат во државата, согласно законски утврдениот рок, по што доколку не извршат повторен извоз и не ја напуштат државата треба да го регулираат правниот статус и пловилото увозно да го оцаринат.

Началникот на Одделението за оперативни работи, Душан Размовски, потенцира дека мобилните тимови ќе продолжат со зајакнати контроли, при што секое непочитување на законските одредби ќе резултира со соодветни прекршочни санкции, вклучувајќи и одземање на пловниот објект.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk