Расфрлано ѓубре и запушена зелена површина во околината на Меѓуградската автобуска станица во Скопје предизвикаа реакции на социјалната мрежа „Х“. Видео објавено од корисник го привлече вниманието поради состојбата на просторот покрај тротоарот.
Меѓуградската автобуска станица е една од првите локации што ги гледаат граѓаните и посетителите кои пристигнуваат во Скопје. Сепак, според видеото објавено на „Х“, околината на станицата остава поинаков впечаток.
На видеото, кое го објави профилот со псевдоним „ЛаБуБу“, се гледа расфрлан отпад покрај тротоарот, како и запушен тревник во непосредната околина на автобуската станица.
Во објавата стои:
„Во околина на меѓ. автобуска скопје. Гаден народ, уште погадна држава“.
Друг „твитерџија“ се надоврза на оваа објава и ја посочи и локацијата кај црквата во Центар помеѓу дом на АРМ.
„Не си видела такво нешто. Партали скапани оставени“, вели „JaneDoe“.
„Не знам дали јас растев во друга Македонија и мнозинството луѓе шо се грижеа за секаков вид хигиена се иселија/заминаа на онај свет или сум била несвесна за каков народ всушност живееел и живеј таму“, напиша извесна Марија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата