logo
logo
logo

(ВИДЕО) „НОВА СТРАНИЦА ВО ВАШИТЕ ЖИВОТИ“ – Мицкоски со силна порака до учениците на почетокот на учебната година

Vecer | 01.09.2026

(ВИДЕО) „НОВА СТРАНИЦА ВО ВАШИТЕ ЖИВОТИ“ – Мицкоски со силна порака до учениците на почетокот на учебната година

Премиерот Христијан Мицкоски им посака на сите првоодделенчиња успешни училишни денови, другарување и стекнување нови пријателства.

„Мислам дека сега отпочнуваат една нова фаза од своите животи којашто, се разбира, ќе има многу предизвици. За жал, животот не е она што најчесто се гледа по социјалните медиуми — „Инстаграм“, „Тикток“ и слично, туку напротив, животот има многу предизвици.

Тие предизвици треба да се решаваат, тие предизвици ќе треба да се совладуваат сами или заедно со своите родители, заедно со своите другари и другарки, се разбира, во училиштата. Така што, еве една нова страница во нивните животи, а на сите ученици во основните и средните училишта низ државата им посакувам успешна учебна година, да стекнат нови знаења и тие знаења понатаму низ пракса и низ работа да ги применат во сопствената татковина Македонија“, изјави Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk