Нашата опозиција, не само што се однесува неодговорно кон економијата, кон државата, кон граѓаните, туку е изолирана со уште неколкумина во светот во ова да се борат силно против центрите за податоци или во јавноста познати како дата-центри, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
-Последен е оној твит на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој се обраќа до онаа група на граѓани на САД кои се противат на развојот на оваа индустрија. Многу е јасно каде оди светот и овој процес е неповратен. Секогаш кога ќе појдете на исток,посебно во тие азиски земји, кога ќе видите хуманоидни роботи, кога ќе видите како таму функционираат сообраќајните решенија, кога ќе се соочите со тие предизвици, тогаш се враќате овде со воодушевување. А кога овде Владата ќе каже ајде и ние да направиме нешто, тогаш сте против. Тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште, а ние знаеме каде ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и кон иднина, барем јас додека ја водам оваа Влада, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата