ВИДЕО | МАКЕДОНИЈА СТАНУВА СЕ ПОАТРАКТИВНА ДЕСТИНАЦИЈА - Јамалов : Владата со конкретни мерки обезбедува континуиран раста на туризмот

Vecer | 08.08.2026

ВИДЕО | МАКЕДОНИЈА СТАНУВА СЕ ПОАТРАКТИВНА ДЕСТИНАЦИЈА - Јамалов : Владата со конкретни мерки обезбедува континуиран раста на туризмот
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија станува сe поатрактивна дестинација, благодарение на конкретните политики и мерки кои обезбедуваат континуиран раст на туризмот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов. Тој истакна дека развојот на овој сектор е еден од клучните стратешки приоритети на Владата, која уште од почетокот на својот мандат активно работи на подобрување на туристичкиот потенцијал на земјата.

„Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во туристичките капацитети и се обезбедува силна поддршка за руралниот туризам.

Дека овие политики даваат резултати, потврдуваат и најновите показатели. Според извештајот на Светска банка, Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот, со раст од 40 проценти на годишно ниво на бројот на патници во пристигнување.

Позитивниот тренд се потврдува и преку официјалните статистички податоци. Во првите пет месеци од годината бројот на странски туристи е зголемен за 23,6%, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7% во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки се доказ дека Македонија станува сè попривлечна за странските посетители и дека туристичкиот сектор бележи стабилен раст.

Особено значајно е што туристичката сезона повеќе не е ограничена само на летните месеци. Сè поголем број странски туристи ја посетуваат Македонија и поради културниот, историскиот и гастрономскиот туризам во текот на целата година. Тоа значи повеќе можности за локалните заедници, поголема работа за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите и семејните бизниси, како и порамномерен економски развој во сите региони на државата.

Паралелно со зголемувањето на туристичкиот промет, Владата работи и на подобрување на условите за нови инвестиции во туристичката индустрија. Се поедноставуваат процедурите за изградба на нови сместувачки капацитети и се создава поповолна деловна клима за домашните и странските инвеститори, со цел да се збогати туристичката понуда и да се подигне квалитетот на услугите.

Посебен акцент се става и на развојот на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедуваат финансиски грантови за инвестициите во руралните средини, со кои се поддржуваат земјоделците, малите семејни бизниси и преработувачките капацитети. На тој начин се создаваат нови туристички содржини, се отвораат нови работни места и се поттикнува развојот на локалната економија.

Со јасна визија, конкретни инвестиции и континуирана поддршка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да создава услови за понатамошен раст на туризмот, поголем број домашни и странски посетители и посилен економски развој на Македонија“, додава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk