logo
logo
logo

ВИДЕО | „КОГА СЕ ЖАЛИТЕ НА ЧАДОТ, ПОМИСЛЕТЕ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ“ – Aнгелов: денес го гасиме пожарот кон Косово

Vecer | 06.09.2026

ВИДЕО | „КОГА СЕ ЖАЛИТЕ НА ЧАДОТ, ПОМИСЛЕТЕ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ“ – Aнгелов: денес го гасиме пожарот кон Косово

Чад и непријатна миризба повторно се чувствуваат низ повеќе скопски населби, откако пожарот кој започна од косовска страна навлезе и на македонска територија и веќе неколку дена е активен. Надлежните уверуваат дека состојбата е под контрола, а директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот вчера бил ставен делумно под контрола и очекува денеска целосно да биде изгаснат. Ангелов воедно порача дека граѓаните кои се жалат на чадот треба да помислат и на пожарни

„Кога ветрот е неповолен скопјани чувствуваат непријатен мирис кој доаѓа од чадот од овој пожар. Но, тогаш кога на граѓаните ќе им замириса чад од овој пожар нека помислат на сите пожарникари и сите доброволци и екипи кои учествуваат во гасењето и секојдневно се лице в лице со огнот“, рече Ангелов.

На овој пожар, како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), полицискиот хеликоптер интервенираше и на територијата на Косово во реонот на Хани и Елезит, давајќи им поддршка на косовските екипи кои учествуваат во гасењето.

Според ЦУК, до 7.30 часот регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 5 се под контрола и 19 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Ѓорче Петров, село Грачани и село Никиштани – пожарот е активен и на територијата на Република Косово и гори шума.

Во Општина Македонски Брод, село Белица, месност Кајорец гори нискостеблеста и мешана шума, пожари има и Општина Чучер-Сандево, село Брест, Општина Кичево, село Кнежино и село Добреноец, Општина Кичево, село Тајмиште, место викано Дарда, а во Општина Ново Село пожар има во село Стиниќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk