logo
logo
logo

„ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ“ – ВЛАДАТА ЗА ВОЗАЧОТ НА ЈАНУШЕВ осомничен за барање 1.500 евра за вработување

Vecer | 06.09.2026

„ЗАКОНОТ ВАЖИ ЗА СИТЕ“ – ВЛАДАТА ЗА ВОЗАЧОТ НА ЈАНУШЕВ осомничен за барање 1.500 евра за вработување

Случајот со наводното барање поткуп за вработување во Противпожарната бригада на Град Скопје заврши со апсење на вработен во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Димитар Цингаровски, кој бил ангажиран како возач за потребите на Генералниот секретаријат, е осомничен дека побарал 1.500 евра од граѓанин за да посредува за негово вработување како пожарникар. На 4 септември тој бил затекнат при примопредавање на 500 евра од побараната сума, кои претходно биле обележани, по што бил лишен од слобода. Од Владата велат дека случајот бил пријавен како барање поткуп, а акцијата била реализирана во соработка со службите на МВР.

Од Владата нагласуваат дека Цингаровски во моментот на настанот ги извршувал работните задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат, но претходно засновал работен однос во СОЗР, по постапка каква што се применува и за останатите вработени во службата.

„Целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата“, наведуваат од Владата, додавајќи дека случајот покажува оти законите важат за сите, без оглед на работната позиција.

Од Владата посочуваат дека случајот е пример за соработка меѓу институциите во насока на откривање и санкционирање на коруптивни дејствија.

За Цингаровски е определен 30-дневен притвор, а натамошната постапка ќе треба да утврди дали и за каква одговорност постојат докази.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk