logo
logo
logo

ВИДЕО| БЕЗ СРАМ: Си го испразни возилото среде мост – вреќи и кутии завршија во Радика

Vecer | 09.09.2026

ВИДЕО| БЕЗ СРАМ: Си го испразни возилото среде мост – вреќи и кутии завршија во Радика

Револт кај јавноста предизвика снимката објавена од Спортското риболовно друштво „Трофта“ од Дебар, на која се гледа како несовесен граѓанин застанува со возило на мост над реката Радика, вади вреќи и кутии полни со отпад и ги фрла директно во реката. Случајот предизвика остри реакции поради загадувањето на една од најчистите и најубавите реки во Македонија, а од „Трофта“ порачаа дека Радика не е место за отпад и дека ваквото однесување претставува непочитување кон природата и живиот свет. По објавената снимка реагираше и полицијата – од СВР Охрид информираат дека преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето, по што јавноста ќе биде соодветно известена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk