ЦЕЛТА Е ПРЕДВРЕМЕ ПОСТИГНАТА - Нов таргет за БДП до крајот на мандатот

Vecer | 30.10.2026

ЦЕЛТА Е ПРЕДВРЕМЕ ПОСТИГНАТА - Нов таргет за БДП до крајот на мандатот

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега плeдира на 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по означувањето на почетокот на изградбата на новата фаза од вакуумската канализација во населеното место Јурумлери, истакна дека податоците на Државниот завод за ревизија се лоша вест за опозицијата.

- Ние со сите овие проекти што ги работиме и овие позитивни индикатори коишто се појавуваат имаме лоши вести за опозицијата. Тие би се радувале кога ние би можеле да тонеме во тоа политичко мочуриште во кое што тие ја оставија земјата на безидејност, уништена, ограбена, понижена држава, економија и граѓани. Ние се обидуваме овие нешто повеќе од две години сè тоа да го консолидираме и конечно еве првите индикатори излегуваат на сцена, истакна Мицкоски.

Појасни дека растот на БДП за 2024 е нивелиран од 3 на 3,8 отсто, а во 2025 од 3,5 на 3,8 отсто.

- Но она што е поважно, нашата цел како Влада беше номиналниот бруто домашен производ на крајот од мандатот од оваа влада да биде 20 милијарди долари. Тој е веќе постигнат во 2025 година. Значи оваа година растеме уште побрзо. Сега имаме нова амбиција, плeдираме на 22 милијарди долари, но да видиме сега како ќе биде оваа година. Досега првата половина е над очекувањата. Како ќе биде понатаму ќе видиме, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk