Можно е дизелот од утре да се продава по пониска цена, доколку Владата постигне договор со компанијата „Окта“ за попуст од два денари по литар. Преговорите се во завршна фаза, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро да биде постигнат договорот.
„Да, во преговори сме и мислам дека сме многу блиску до договор за два денари попуст“, изјави Мицкоски при посетата на Општина Чешиново-Облешево.
Премиерот потврди дека остануваат во сила и владините мерки за намалување на ДДВ и акцизата за дизелот, со кои се настојува да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните
Според утринската анализа, дизелот денеска имал можност да поскапи за половина до еден денар по литар. Сепак, доколку се постигне договорот со „Окта“ и се обезбеди попустот од два денари, цената би можела да се намали во однос на актуелните 97 денари за литар.
Конечната цена ќе зависи од одлуката за цените на нафтените деривати и од тоа дали договорот со „Окта“ ќе биде финализиран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата