logo
logo
logo

Утре ќе се огласи обвинителството за грозоморните ликвидации

УАПСЕН И ТАТКОТО на малата ВАЊА

Vecer | 03.12.2023

УАПСЕН И ТАТКОТО на малата ВАЊА

Од извори во истрагата Вечер.мк дознава дека уапсено е уште едно лице вечерва, учесник во целата операција, лицето е со име Александар Ѓ. (татко на Вања) , дознава Вечер.мк грозоморни детали од истрагата. (Ќе чекаме утре обвинителството да каже за какво користољубие станува збор)

Тој е на распит пред судија на претходна постапка.

Истовремено, двајцата од тројцата уапсени, сведочеле дека тие биле заедно со Палчо кога е киднапирана малата Вања од пред влезот на нејзината зграда.

Тие сведочат дека биле во кола со него (со Палчо), кога го земале девојчето.

Потоа кога стигнале во село Бразда, сведочат дека ЉП викан Палчо директно пукал во девојчето, телото го оставиле во истото село, запаленото возило Цитроен го запалиле таму во истото село Бразда (бидејќи Палчо имал таму викендица и познат му бил теренот)

Возилото со кое ја киднапирале малата Вања и кое го запалиле во село Бразда, му припаѓало на претходно ликвидираниот 74 годишен велешанец Панче Жежовски, чие тело денеска беше пронајдено во близина на Велес. 

Групата убијци што и го одзеле животот на малата Вања Ѓорчевска се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче чие тело било пронајдено од полицијата во близина на Велес.

Велешкиот фризер, Панче Жежовски беше пријавен за исчезнат од 24 ноември а во скопско Бразда во средата беше пронајден опожарен автомобилот од марката „цитроен“ за кој беше утврдено дека му припаѓа на 74-годишниот велешанец.

Осомничени за двата случаи на убиство се пет лица, од кои за три се бара притвор, едно е избегано вон државата, а петтото е во полициска станица.

По спроведените истражни дејствија утврдено е мотивот за двете убиства бил користољубие, објави вечерва Обвинителството.

Институциите вечерва вршат претреси во просториите на движењето “Трета“ и партијата “Десна“ на Палчо, по кого се трага, а според неофицијалните информации, пред три дена, заминал за Турција.

Oфицијални детали се очекуваат дури утре, во 10 часот, кога е закажана прес-конференција на Обвинителството. OJO не дава дополнителни инјформации дали освен петте лица кои ги споменаа, има и други осомничени.

Засега е потврдено дека од пет лица, за тројца се бара притвор, двајца не се поврзани и по распитот се пуштени на слобода, по еден (Палчо) се трага и еден е сега приведен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk