МУЦУНСКИ ВО АТИНА СО УНГАРСКАТА ШЕФИЦА НА ДИПЛОМАТИЈАТА – во фокусот европскиот пат на Западен Балкан

Vecer | 23.11.2026

МУЦУНСКИ ВО АТИНА СО УНГАРСКАТА ШЕФИЦА НА ДИПЛОМАТИЈАТА – во фокусот европскиот пат на Западен Балкан
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Атина остварил средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан, на маргините на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Ова е нивна прва средба по назначувањето на Орбан на функцијата шефица на унгарската дипломатија.

Како што информира Муцунски, на средбата било изразено задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, како и подготвеност за нивно натамошно унапредување во областите од заемен интерес.

Во фокусот на разговорите била и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, при што биле нагласени потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија.

Муцунски ја поздравил поддршката од Унгарија за европската интеграција на регионот, оценувајќи дека проширувањето е важен поттик за реформите, развојот и стабилноста.

Двајцата соговорници размениле мислења и за актуелните регионални и безбедносни предизвици, потврдувајќи ја определбата за мир, стабилност и посилна регионална соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk