52-годишен гостиварец бил приведен откако со автомобил „бмв“ излетал од коловозот на магистралниот пат Гостивар – Стража, во близина на каменоломот.
Според информациите од МВР, сообраќајната незгода се случила на 22 ноември, околу 20:05 часот. При увидот било утврдено дека возачот Г.Б. управувал под дејство на алкохол, а алкотестот покажал 1,92 промили алкохол во крвта.
Полицијата го лишила од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата