logo
logo
logo

ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА ПОПУШТА - Каматата останува 4,25 отсто, инфлациските ризици се уште присутни

Vecer | 28.07.2026

ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА ПОПУШТА - Каматата останува 4,25 отсто, инфлациските ризици се уште присутни

Без промена на каматната политика - Народната банка одлучи основната каматна стапка да остане на 4.25 проценти. По јунското зголемување, централната банка повторно испраќа сигнал на претпазливост, додека неизвесностите во економскотко опкружување и понатаму се присутни. 

Од Народната банка посочуваат дека девизниот пазар останува стабилен, а девизните резерви се на сигурно ниво и се доволни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.

Годишната инфлација во јуни забавила на 3,4 проценти, што е пониско од очекувањата. Сепак, централната банка оценува дека е потребно повеќе време за да се потврди дека овој тренд е одржлив, особено поради високата неизвесност поврзана со геополитичките случувања, конфликтите на Блискиот Исток и во Украина и нивното влијание врз цените на енергенсите и синџирите на снабдување.

Во соопштението се наведува дека домашната економија и натаму покажува отпорност. Во првиот квартал од годинава бруто-домашниот производ пораснал за 3,1 процент, а достапните показатели упатуваат на можност за дополнително забрзување на економската активност во вториот квартал.

Народната банка истакнува дека ќе продолжи внимателно да ги следи економските и финансиските движења во земјата и во странство и, доколку биде потребно, ќе ги искористи сите расположливи инструменти за зачувување на ценовната и финансиската стабилност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk