ТЕЛОТО ДАДЕНО НА ОБДУКЦИЈА

ТРАГЕДИЈА ВО КОПАНИЦА - Пронајдена почината 55 годишна жена во коритото на селската чешма

Vecer | 25.07.2026

ТРАГЕДИЈА ВО КОПАНИЦА - Пронајдена почината 55 годишна жена во коритото на селската чешма
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Педесет и пет годишна жена од скопското село Копаница е пронајдена почината во коритото на селската чешма, информа Министерството за внатрешни работи. 

Според МВР, случајот бил пријавен вчера околу 17 часот, кога било констатирано дека во коритото на чешмаата се наоѓа безживотно тело на Ќ.А 55, жителка на селото, која, според информациите, имала здравствени проблеми.

Лекар од итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk