Трагична сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Бутел, каде 19-годишен мотоциклист го загуби животот по судир со патничко возило на улицата „Радишанска“. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 12:12 часот, а младото момче починало на местото на настанот. Во тек е увид за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.
- Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, информираат од МВР за Скопје Инфо.
Надлежните се на терен каде што се врши увид.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата