Температурите до 39 степени, продолжува стабилното и жешко време

Vecer | 31.07.2026

Температурите до 39 степени, продолжува стабилното и жешко време
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, прогнозираат од УХМР.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Највисоки температури се очекуваат од среда, кога во одделни делови од земјата дневната температура ќе надмине 40 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk