logo
logo
logo

Таткот на Тот: ЗА НАС ЖИВОТОТ ЗАСТАНА, постојано одиме на гробишта, по двапати на ден

Vecer | 14.09.2022

Таткот на Тот: ЗА НАС ЖИВОТОТ ЗАСТАНА, постојано одиме на гробишта, по двапати на ден

Денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.   

Неговиот татко Игор Тот испитан во својство на сведок, се приклучи на обвинението и најави отштетно побарување за кое најави дека дополнително ќе биде прецизирано. 

Таткото на ракометарот пред судот изјави дека животот им застанал по настанот. 

„Кога се случи настанот за нас животот застана. Ако сè беше во ред денес попладне ќе играше за Бутел или за Вардар. Ја обожаваше Македонија. Уживаше во Охрид. Сопругата не работи, а јас работам со намален интензитет. Постојано одиме на гробишта, по двапати на ден. Тешко функционираме и јас и сопругата и неговиот брат, кој игра во Холандија. Не ни е лесно, очекуваме да се дознае вистината, да видиме што е и како е. Да видиме дали обвинетите се виновни и ако се виновни соодветно да бидат казнети”, рече Игор Тот, татко на убиениот ракометар. 

На денешното судење адвокатите на одбраната кажаа дека не се согласуваат со правната квалификација за кривичното дело оти кај тројцата обвинети го нема елементот умисла и најавија дека во постапката ќе докажат дека ударите од осомничените не биле причина за смртта на Тот.

Тројцата осомничени изразија сочувство до семејството на Тот и кажаа дека немале намера да го сторат кривичното дело. 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk