logo
logo
logo

СОМНИТЕЛНИ ТЕНДЕРИ среде ковид криза, кој ќе ОДГОВАРА?

Vecer | 13.08.2022

СОМНИТЕЛНИ ТЕНДЕРИ среде ковид криза, кој ќе ОДГОВАРА?

Среде пандемија и економска криза во Македонија имало сомнителни тендери. На пример се набавувале службени автомобили во време кога на државава и беше потребна медицинска опрема. Како што беше објавено во Тетово се набавило нов опел, ама морало да биде со кожен волан и екрани.

За овој случај овинителството чекало пријава за да има реакција, но следеле информации за злоупотреби.

Но нема конкретен одговор зошто ќе чекаат на полицијата и анткорупционерите кога имаат надлежности да реагираат.

„Обвинителството очекува институциите во чија надлежност е откривање на кривични дела да постапат согласно своите надлежности и до обвинителството да достават соодветен поднесок по кој обвинителството понатаму ќе преземе дејствија за расчистување на случаите“ се вели во одговорот на ЈОРСМ.

Во време на кризата како што вчера објави ТВ 24 тетовскиот Здравствен дом  се подновил со опел кросовер, во кој освен додатоците поврзани со безбедноста се барале и кожен волан, вградени звучници и седум инчен екран на допир.

„Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки - Моторни возила за службите патронажа и вакцинација за потребите на установата“, пишува во тендерската документација за набавка на возилото.

Првиот човек на Здравствениот дом во Тетово најави писмено сооопштение за тоа дали автомобилот навистина се користи за намената за која е купен и зошто за луксуз се потрошиле над 20 илјади евра. Од Министерството за здравство се оградија бидејќи тендерите се обврска на секоја здравствена институција посебно и побараа да се истражи случајот. За наодите на ЦГК ќе расправаат наредната недела и анткорупционерите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk