logo
logo
logo

„Скопски стрипосестри 2026“ го афирмира женското стрип творештво

Vecer | 15.09.2026

„Скопски стрипосестри 2026“ го афирмира женското стрип творештво

„Скопски стрипосестри 2026“ е заеднички проект на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Здружението на стрип-автори и љубители на стрипот „Стрип центар – Стрипот може“ од Велес Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“, која го афирмира женското творештво во деветтата уметност.

На настанот свои дела претставија визуелните и мултидисциплинарните авторки: Дона да Видра, Евгенија Трајковска и Ангела Петрушевска. Тим лидер е Томе Трајков, а куратор Иван Станчевски.

Претседателот на Здружението „СТРИПОТ МОЖЕ“ Томе Трајков, потенцира дека поставката нуди увид во визуелното раскажување и развојот на стрип-културата кај нас.

Сега секој што ја следи балканската стрип сцена и стрип фестивали лесно ќе забележи дека панел дискусии на тема „ЖЕНСКИОТ СТРИП “ прераснаа во ситуација на тренд, престиж и контрапрестиж, со други зборови тие се чувствува и натпревар помегу самите фестивали. Се формираат посебни здруженија и мрежи на женски стрип ,како на пример СТРИПОТЕТКИ и слично.

Дали е темата женски стрип оправдана или пак не, може да се перцепира исклучиво во склоп на развојот и афирмацијата на сеопштиот македонски стрип, во и вон Македонија. Дури постои мислење дека кај жените авторки е понагласена трпеливоста во самиот процес на подготвување на едно стрип дело, поентира Трајков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk