logo
logo
logo

СЕМЕЈНА ТЕПАЧКА ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА: 27-годишник нападнал жена и двајца нејзини роднини, во нападот се приклучиле мајка му и тетка му

Vecer | 15.09.2026

СЕМЕЈНА ТЕПАЧКА ВО ГОЛЕМА РЕЧИЦА: 27-годишник нападнал жена и двајца нејзини роднини, во нападот се приклучиле мајка му и тетка му

27-годишен жител на Голема Речица е лишен од слобода откако 22-годишна жена од Тетово пријавила дека ѝ се заканувал, а потоа физички ја нападнал неа и двајца членови на нејзиното семејство.

Од МВР информираат дека Ф.Ш. (27) бил лишен од слобода на 14 септември во 19 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

Според пријавеното, 22-годишната Ф.А. од Тетово околу 15:50 часот била во трговски центар во Тетово, каде што Ф.Ш. ѝ се заканувал. Подоцна, таа заедно со нејзиното семејство отишла пред домот на Ф.Ш. за да разговараат со неговите родители.

Таму, според пријавата, Ф.Ш. физички ја нападнал Ф.А., нејзината мајка Е.А. (50) и нејзиниот чичко Љ.А. (48). Во нападот, според пријавеното, се приклучиле и неговата мајка и тетка.

Во инцидентот, како што е пријавено, Ф.Ш. го оштетил и патничкото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, како и мобилниот телефон на Ф.А.

Лицето е задржано во полициска станица. Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk