СЕ ЗАПАЛИ СТАН ВО ГОСТИВАР, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ - Меѓу нив и двајца полицајци

Vecer | 06.08.2026

СЕ ЗАПАЛИ СТАН ВО ГОСТИВАР, ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ  - Меѓу нив и двајца полицајци
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пожар избувнал во стан на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, при што три лица, меѓу кои и двајца полициски службеници, побарале лекарска помош поради вдишување чад.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 август во 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека настанал пожар во стан сопственост на Г.С. (36).

Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар интервенирала и го изгаснала пожарот.

Поради вдишување чад, на преглед во Ургентниот центар во Гостивар се јавиле Х.Џ. од Гостивар, како и двајца полициски службеници од ОВР Гостивар, кои учествувале во интервенцијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk