-И ова со полагањето на квалификациските испити во Академијата за судии и јавни обвинители - е тотална партизација, а генетарот на сите проблеми е владата. Носат закон, го менуваат, сега пак сакаат да го менуваат за да се спроведе писмено тестирање и се вадат дека немале време да распишат тендер за софтвер. Еве ние имаме две училници на Правен, со електронски систем да полагаат електронски испит сите стотина кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители, порача во дебатата на ТВ24 професорот од Правниот факултет Борче Давитковски, коментирајќи ги последните случувања во АСЈО и во М-НАВ.
-Заради тотална партизација ни се случи и скандалот во М-НАВ, посочи Давитковски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата