ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА, Македонија е силно фокусирана на реформската агенда

Vecer | 16.11.2026

ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ЕУ И ПОКРАЈ УСЛОВУВАЊАТА, Македонија е силно фокусирана на реформската агенда
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

- Македонија е силно фокусирана на спроведувањето на реформската агенда, посветено работи на модернизација на институциите и е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Форумот за проширување на Европската Унија – „EU Enlargement Forum 2026“, што се одржува во Брисел во организација на Европската комисија.

Како што објави Мицкоски на неговиот Фејсбук-профил, тој посочил дека учеството на земјава во СЕПА и претстојната примена на принципот „Роаминг како дома“ се конкретни придобивки за граѓаните и потврда за европската ориентација на Македонија.

Проширувањето на ЕУ, нагласува премиерот, мора да се темели на заслуги, исполнети реформи и конкретни резултати, со фокус на изградба на поодговорни, поефикасни и потранспарентни институции.

– За жал, наместо да се вреднува нашиот реформски напредок, Македонија и понатаму се соочува со условувања поврзани со уставни измени кои навлегуваат во идентитетски прашања. И покрај оваа пречка, остануваме конструктивни, активни и посветени на изнаоѓање решенија, затоа што европската перспектива на Македонија мора да биде јасна, предвидлива и заснована на европските принципи и критериуми, вели Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk