Полицијата по полноќ спроведе акција во скопското село Инџиково во рамки на мерките за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Едно лице е лишено од слобода, откако 34-годишниот Р.С. бил приведен на 1 септември, само пет минути по полноќ.

Тој бил затекнат во домот на 42-годишната А.Д. во Инџиково, каде полициски службеници извршиле претрес со судска наредба. При прегледот кај 34-годишникот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.
Р.С. бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата