ФИЛИПЧЕ СЕ ЖАЛИ - ЗАЕВ НЕ СЕ ЈАВУВА НА ТЕЛЕФОН! Далу сметката е во опасност?!

Vecer | 23.10.2026

ФИЛИПЧЕ СЕ ЖАЛИ - ЗАЕВ НЕ СЕ ЈАВУВА НА ТЕЛЕФОН! Далу сметката е во опасност?!

Сопартијците од СДСМ го обвинуваат Венко Филипче дека не е избран туку е наметнат за шеф од страна на Зоран Заев за да се брани себе и него од прогон со функцијата шеф на опозициона партија.

Слична констатација има и најголем дел од јавноста и тоа е една од ретките теми за кои постои речиси заедничко јавно мислење. Заедно се на јахти, заедно се во Дубаи, имаат заедничка агенда за промоција на бугарските политички и бизнис интереси во Македонија. Што би се рекло, како петок и сабота се, не можеш да ги разделиш при толку заеднички интереси.

Ценејќи дека за Зоран Заев мислењето во државава е речиси 100% негативно, Филипче се обидува да се дистанцира од него но, нежно, да не го навреди и растури ортаклукот, да не се доведе во опасност сметката.

Во обид да докаже дека не е под влијание на кланот Заеви (не е само Зоран) лидерот на СДСМ, актуелниот шеф на Бихаќка тврди дека Зоран Заев - воопшто не се занимава со политика.

Во интервју за Алсат М лидерот на СДСМ објаснува дека Заев бил надвор од политика повеќе од 5 години и воопшто не го интересирала политика. Веројатно е повеќе по банки и берзи, повремено на фолк коцерти... Но, не е така. Сите кои се, или до скоро биле во врвот на СДСМ, знаат дека Зоран Заев бара и добива извештаи од сегашното раководство на СДСМ на дневна основа а притоа им издава насоки за делување.

Филипче тврди дека Заев дури и не се јавувал на телефон. Во интервјуто Филипче не одговара на потпрашање од новинарката дали и на него, на Филипче, не му се јавувал што остава простор за сомневање дека Заев не му крева на телефон на својот извршител. 

А, ако се оди во детали: Никој не верува дека Зоран Заев не е е заинтересиран за политика со таков багаж на сомневања за корупција но, извесно е дека Венко Филипче - навистина не се занимава со политика, што го потврдуваат и резултатите на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk