Случај на семејно насилство е пријавен во Штип, каде што 39-годишен маж е лишен од слобода по пријава од неговата сопруга. Таа пред полицијата навела дека подолг период била психички малтретирана, а неодамна била и физички нападната. Полицијата презела мерки и го привела осомничениот.
Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Штип на 1 септември во 16:50 часот го лишиле од слобода Б.В. (39) од Штип.
Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријавила дека подолг период била психички малтретирана од него, а во ноќта меѓу 29 и 30 август, според пријавеното, била и физички нападната.
За случајот бил известен јавен обвинител. Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата