ХРВАТСКА и ЦРНА ГОРА КАКО ПРИМЕР

РОКАС ЗА МОЖНОСТА ОД НОВО БУГАРСКО ВЕТО - „Не шпекулирам, но земја-членка може да нè изненади“

Vecer | 27.11.2026

РОКАС ЗА МОЖНОСТА ОД НОВО БУГАРСКО ВЕТО - „Не шпекулирам, но земја-членка може да нè изненади“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Евроамбасадорот Михалис Рокас, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Европската Унија има механизми да спречи евентуално бугарско вето поради несогласувања во Историската комисија, порача дека не сака да шпекулира за можните потези на земјите-членки во пристапниот процес, нагласувајќи дека „со ‚ако‘ и ‚но‘ не напредуваме“. Тој потсети дека во преговорите некоја земја-членка може да изненади со непредвидени чекори, посочувајќи го актуелниот пример меѓу Хрватска и Црна Гора, но истакна дека проширувањето има силно геостратешко значење за ЕУ и „стопроцентно ја вклучува и Северна Македонија“.

„Барате од мене да коментирам, да шпекулирам што би можела или не би можела да направи една земја членка на ЕУ. Знаеме дека во пристапните преговори некоја земја членка може да нè изненади со нешто што не сме го предвиделе. Веќе гледаме што се случува меѓу Хрватска и Црна Гора. Прашањата за кои разговараат се познати во јавноста. Затоа навистина не би сакал да го користам ова гостување за да шпекулирам. Верувам, а мислам дека тоа сите го разбираат, дека проширувањето има геостратешко значење во времето во кое живееме. Одговорот на ЕУ на многубројните предизвици со кои се соочува е токму проширувањето, а тоа стопроцентно ја вклучува и Северна Македонија. Затоа, да го спроведеме во добра верба она што е договорено, вклучително и она што е договорено билатерално. Важно е ова што го кажувам, бидејќи комисиите не постојат само за да дискутираат и формално да се забележи дека нешто е направено. Важно е да се вложи напор, бидејќи тој напор може да се оцени како значаен чекор напред. Лично сум уверен дека ако има напредок во важните прашања за усогласувањето со ЕУ, во борбата против корупцијата, во владеењето на правото и во реформите, и ако ги имаме отворено пристапните преговори, тогаш ќе го имаме потребниот замав“, рече Рокас во гостувањето во емисијата „360 Степени“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk