Во Основниот суд во Охрид денес треба да започне судскиот процес против Кристијан Корабоски за физичкиот напад врз Сара Георгиевска, случај кој предизвика огромен интерес во јавноста, бурни реакции, како и политички и граѓански протести, а собено голем револт во јавноста предизвика првичната одлука на Обвинителството да не побара мерка притвор за Корабоски, со што тој беше пуштен да се брани од слобода.
По бурните реакции во јавноста, предметот го презеде друг обвинител, Сара беше сослушана, а за Корабоски беше побарана и одредена мерка притвор.
Судскиот процес кој почнува денес треба да ги даде сите одговори што точно се случило таа ноќ и на јавноста врз основа на обезбедени докази да ѝ даде слика и одговори на бројни прашања кои се уште предизвикуваат шпекулации и создаваат немир.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата