logo
logo
logo

ПРИВЕДЕН НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Го барале за издржување двегодишна казна за тешка кражба

Vecer | 22.09.2026

ПРИВЕДЕН НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Го барале за издржување двегодишна казна за тешка кражба

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ бил лишен од слобода 29-годишен жител на гостиварското село Топлица, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна од две години.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, И.Ч. бил приведен на 21 септември во 12:30 часот, при влез во државата.

За него била распишана судска наредба за издржување на казната поради сторено кривично дело „тешка кражба“ според член 236 од Кривичниот законик.

По лишувањето од слобода, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, каде треба да ја издржува изречената казна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk