Во просек по 13 возачи на тротинети дневно добивале казна од полицијата во оваа летна сезона. Според податоците кои ги објави МВР, од мај до август, вкупно 1571 возач на тротинет бил казнет од полицијата. Во акцијата која МВР ја спроведе а се однесува на возачите кои возат на 2 тркала, напишани се вкупно над 10.400 казни од кои најголемиот дел или нешто над 8.880 ги добиле оние кои управувале мотор.
Најголем дел од сите казни се поради возење без кацига. Над 7.300 казни се напишани само по овој основа. Меѓу казните има и такви за возење по несоодветна површина, управување нерегистриран мотор а фатени биле и малолетници кои не смееле да возат.
Регистрирани биле и 619 кривични дела од кои најголемиот дел се за возење без дозвола, а има и 14 случаи кога возачите добиле кривична пријава затоа што возеле многу пијани.
Во рамките на преземените мерки биле одземени вкупно 423 возила, од кои 20 електрични тротинети и 403 мотори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата