За само пет часа, полицијата исрече 59 санкции за возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница. Во акциската контрола, спроведема во неделата вечер, најголем дел од прекршоците се однесувале на управување мотоцикли без заштитен шлем, но биле ебидентирани и случаи на возење брз соодветна дозвола, под дејство на алкохол, како и други сообраќајни прекршоци.
При контролата биле откриени и три кривични дела, при што од слобода биле лишени три лица поради возење без возачка дозвола. Едно од лицата е малолетник, а притоа биле одземени три мотоцикли.
За сите сторители ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата